„РАЗВЕДИ МЕ“

март 2, 2023

Настан од архивата · 2023/03/22 · сала Фросина

РЕЖИЈА: РОБЕРТ РИСТОВ

улоги: Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов

 Времетраење: 75 мин

Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?


Драматизацијата е работена по мотиви од урбаните сценарија:„Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“. Значителен дел од дијалозите во текстот, се негови авторски делови. 

Во снимените видеа играат актерите: Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски – Чоре (таткото).

СЦЕНОГРАФИЈАТА, ИЗБОР НА КОСТИМИ, ДРАМАТИЗАЦИЈА: Роберт Ристов
КОРЕОГРАФИЈА: Марија Бејкова
ФОТОГРАФИ: Фросе Левковска и Џенат Дрековиќ

ФЕСТИВАЛИ и ГОСТУВАЊА: Хрватско Народно Казалиште- Вараждин, (како дел од официалната програма на фестивалот „Тједан Смијеха на „Театар Керекеш“), „Театар САРТР“- Сараево, „Градско позориште Јазовац“- Бања Лука, „Културни центар“ – Шид, „Театар 78“ – Белград и „Позориште Младих“- Нови Сад.

НАГРАДИ: GRAND PRIX на „Фестивалот на дуо драмата” во Топола – Србија 2022 год.