ХУМАНИТАРЕН НАСТАН
„Сите за Грицко“ е добротворна забава во организација на Фоундрејзер Брат за Брат, со цел собирање средства за нормален живот на Небојша Додевски Грицко.
Настанот ќе се случи на 16.3. во бифето на МКЦ и замислено е да трае од 16:20 до 24:02.
Организаторите веќе повикаа музичари што се заинтересирани да помогнат и директно се вклучат или во музичката програма, или да донесат свој мерџ (ЦД-а, плочи, маици, прешивачи и др.), кои посетителите би можеле да ги купат и тие средства да придонесат за стабилен, достоен и нормален живот за Грицко.
За настанот се пријавија и ќе настапуваат:
- Јана Гигова
- Димиш
- Д.С.Ш.
- Тотално опуштање
- Јаме Знаме,
- Катран
- Сара Џи
- Жолти ман
- Катран
- Бибич
- Сватовски
- Ликвид Илужн
- Демонијак Инсомнијак
- Кацар
- Каил
- Брука
.

