Под влијание на социјалното движење од Вашингтон “Revolution Summer”/Do It Yourself Ethics/French emo од 2000-те и сивилото на Скопје, YÖU се формираат во октомври 2015. Музика изразена со емотивно меки вокали, возечки гитари и гласни тапани.
Инспирани од личните борби и искуства, го објавуваат својот прв албум “We Sing The Blues…” во 2017.
По неколку турнеи низ Европа, моментално работат на својот втор албум што треба да излезе во 2021.
Дежурни кривци се грант-рок бенд од областа Прлекија (Словенија). Од нивните почетоци во 1996, објавуваат четири студиски албуми и ‘Изштекани албум’ со снимки во живо од акустичното шоу на Радио Вал 202. Нивните изданија се поддржани со неколку видеа и бројни емисии, создавајќи значаен иницијален интензитет со настапот на Нови рок 2000. На своите албуми бендот се држи до гаражниот андерграунд, карактеризиран со различни ритам-делови и одлични гитарски вештини. Бендот, исто така, изобилува со одлични гитаски рифови, движејќи се од стари тврди трикови до алтернативни и пост-гранџ и потивки пристапи. Иако звукот на бендот опстојува во многу сирово и еднолично опкружување, песните се многу различни. Содржат одредена количина рокенрол, гаражна независност и модерен тврд фатализам. И покрај тоа, бендот може да покаже и чист рок, и прилично поетски страни. Дури и во овие помирни моменти, Дежурни кривци се држат до чистиот, остар и бескомпромисен рок-звук.
Kino Šiška FB
FB event

