2022 – МКЦ слави 50 години!
Решивме да не славиме само еден ден.
Гости ве има многу – еден ден ќе ни е малку. Па затоа, започнуваме со славење на Роденден на уметноста – 18 јануари и завршиме со Роденден на МКЦ – 28 декември.
И како што е ред, и ова ќе го направиме другарски и заедно: Ние програмата – вие китењето! 😉
Затоа ајде,
МКЦ отвора КОНКУРС за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ во 2022 година – со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.
Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија се:
- Графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција
- Идејно-графичко решение на лого „50 години МКЦ“:
- Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства.
- Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).
- Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што МКЦ го користи во сегашните претставувања.
- „50 години МКЦ“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).
- Дефиниран избор на комбинација на бои;
- Дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка;
- Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на МКЦ преку цела 2022 година.
Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за:
- Постер за настан (вертикална ориентација) и билборд (хоризонтална ориентација);
- FB и Instagram слика;
- Лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг);
- Коверт и меморандум;
- Дизајн на производ (пр. маица, торба, шал…).
Избраните решенијата треба да бидат доставени:
- Во колор (CMYK, RGB и/или Pantone палети);
- Во црно-бела верзија (позитив и негатив варијанта);
- Во векторски формат (AI, EPS, PDF);
- Во растер формат (PSD, TIFF, JPG) со мин. 300dpi;
- Во растер web формат (PNG) со мин. 72 dpi;
Конкурсот е отворен до 12 јануари 2022 година
Аплицирањето ќе се врши онлајн, преку следниот линк:
АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН – 50 ГОДИНИ МКЦ
Селекцијата ќе биде направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор од петчлена стручна комисија. Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000,00 денари (досетливо и многу креативно нели :)) и секако, едно јавно, големо фала!
Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.
Ваш,
МКЦ

