„Пишуваме, цртаме, патуваме!“

март 9, 2022

Настан од архивата · 2022/03/16 · ДКЦ

работилници за деца по креативно пишување

Едукаторка: Билјана С. Црвенковска – писателка, сценаристка, уредничка и едукатор за деца и млади. Авторка е на книги за деца и за возрасни, меѓу кои и приказните од „Светот на Биби”.

Активности на работилниците:

  • Читање книги за деца, приказни, песни на македонски јазик;
  • Развивање на имагинацијата;
  • Креирање на приказни (текстови) на одредени теми – вежби по креативно пишување;
  • Креирање илустрации – ликовни дела како илустрации на напишаната приказна;
  • Креирање стрип;
  • Играње логички и креативни игри – игри како дел од вежбите по креативно пишување;

Работилниците ќе се одржуваат секоја среда од 16 март до крајот на мај, во 18:00;
Времетрање на работилницата: час и половина;
Возраст: деца од 8 до 12 години;
Цена: 1000 денари месечно или 300 денари од час;

Бројот на учесници е ограничен. Пријавување на електронска пошта: biljana.crvenkovska@gmail.com