Интерактивен театарски перформанс
Автор и режија: Теа Беговска
Играат: Томе Станковски, Даријан Петров, Теа Беговска
Автор на музика: Енес Беговски
Театарскиот перформанс „Актер-човек“ зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себеси, колку го сакам другиот до мене. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер-човек или човек-актер? Кога си сам со себе, си еден човек; кога си надвор, си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сѐ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе-актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе.
- Награда за најдобар алтернативен перформанс во Постојна, Словенија
- Награда на НЕТА за истражување во актерското мајсторство – фестивал “Ристо Шишков” Струмица
- Награда за најдобар актер на Томе Станковски – Интернационален фестивал во Приштина
- Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли

