Engage the Night

февруари 21, 2020

Настан од архивата · 2020/02/22 · кафе МКЦ

Радио МОФ го најавуваат музичкото финале ENGAGE The Night на овогодишното издание на конференцијата за социјален активизам – ENGAGE, кое воедно ќе биде и прослава на деветтиот роденден на Радио МОФ.


Со почеток во 21:00, публиката ќе има можност да ја слушне Дина Јашари, младата кантавторка и вокалистка, која во придружба на нејзината гитара ќе ги изведе нејзините авторски песни.

Потоа, Local Blue, популарното психоделично трио, кое ќе настапи со своите нумери од вториот албум – 2nd Landing.

За крај, диск-џокејско дуо, кое обожава disco-funk ритмови со мали примеси на new wave – The DD’s ќе ја забавува публиката до крајот на настанот.

Влезот е СЛОБОДЕН.

Ве очекуваме!